• Live

1994, го формиравме Антена 5 Радио со идеја Македонија да има совре­мено хит радио со комплетно нов радио израз кое ќе понуди модерна европска програмска концепција. Антена 5 во Македонија го воведе светски најраспространетиот и најуспешниот радио формат (CHR) Contemporary Hit Radio. Водителите на Антена 5 понудија нов, во тоа време модерен стил на најавување, прилагодувајќи го гласот кон ритамот на музиката и воведоа нов стандард кој создава и радио динамика, која е знак за препознатливост на Антена5. АНТЕНА 5 од самиот почеток се вклучи во европскиот крем на радио станици кои беа собрани од музичката телевизија MTV ( MTV RADIO NETWORK), и како резултат на тие контакти и работа, стана дел од европската радио индустрија. Според резултатите од сите истражувања на слушаноста спроведувани во Македонија, веќе шестаесет години Антена 5 е број 1 Радио по слушаност и рејтинг за целната група од 12-45 години, на национално ниво.